Филипче се доекипира со 14 нови вработувања, се бараат и помлади и искусни - Слободен печат
20:26 Лажни вести од протестите во САД: Полицијата во Минеаполис не уапси...
20:19 Спасовски: Партиите не треба да ги земаат државните пари за оваа...
20:17 САД ја осудија Кина за однесувањето околу граничен спор со Индија
20:15 Пристигнаа резулати од антитела: Дури 270.000 Израелци биле заразени од коронавирус
20:07 НЕОТЕЛ со нова понуда за мали и средни претпријатија
Филипче се доекипира со 14 нови вработувања, се бараат и помлади и искусни
од Мими Шушлеска Петкова 14/08/2019 - 09:02 14/08/2019 - 09:33 0
Министерството за здрвство објавува оглас за пополнување на 14 работни места, од кој некои се раководини позиции, а некои помлади соработници.
Од раководните функции се бара раководител на одделение за мобилност и вработување во државна служба, Раководител на сектор за коoрдинација и стратешко планирање, Раководител на одделение за превентивна здравствена заштита, Сектор за превентивна и примарна здрaвствена заштита, Раководител на одделение за буџетска контрола, Сектор за финансиски прашања, Раководител на одделение за координација на возен парк и општо технички работи, Сектор за општи работи,
Платата е 27.846,00 денари, а меѓу условите се бара и искуство на рководна функција или искуство во јавен сектор.
Повеќе слободни позиции има за помлад соработник и тоа за анализа на болничка дејност, за административна поддршка за техничка имплементација на ИПА проекти, за следење и подготовка на извештаи за реализација на буџетот, за прибирање на податоци и ажурирање во системот за податоци, за подготовка, координирање и планирање на активности од одделение, за подготовка на база податоци.
Прочитајте и... Русија воведе привремена забрана за увоз на нафта
Се бара и самостоен референт за техничка обработка и внесување на податоци во дата базата, помлад соработник за администрација и техничка поддршка за дата база, и помлад соработник за правна поддршка за спроведување на постапка за јавни набавки,
Паричен нето износ на плата: 20.451,00 денари
Како што објаснуваат од Министерството за здравство на огласот може да се пријават надворешни лица, но и веќе вработени, кои ги исполнуваат условите, за да напредуваат.
Најголем дел од работните места се непополнети по систематизацијата на министерството, а помал дел се испразнети поради пензионирање.